Во соработка со Црвениот крст беа претставени постигнатите резултати од кампањата „Првата помош спасува живот“, спроведена во основни и средни училишта во земјава.
-Главна цел на кампањата е подигнување на свесноста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина, со посебен фокус на грижата за сопственото здравје, како и здравјето на другите, истакна заменик министерката, Маја Манолева на денешниот настан во организација на Црвениот крст на РСМ.
На настанот беше врачена благодарница за досегашната соработка со Министерството за здравство и беше потпишан заеднички меморандум за соработка со Црвениот крст.