ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКА НА ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЛИЦАТА СО ЗДРАВСТВЕН РИЗИК Е ВО ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОЦЕДУРА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е во подготвителна процедура постапката за набавка на заштитни маски, кои бесплатно ќе ги добијат лицата со здравствен ризик.

Штом ќе биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите. Набавката опфаќа 40 илјади специјални маски, кои штитат од ПМ2 и ПМ 10 честичките.

Имајќи предвид дека законските процедури за набавка на маските се долги, оваа процедура се одвива со мало доцнење. Воедно, информираме дека и за идната година се планирани вакви набавки, во зависност од потребите.

Сподели на:

Related Posts