Медицински симулациски центар организира едукација за здравствени работници за модулот „Дијагностика, лекување и превенција на пост-ковид симптоми“ со предавачи проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести и доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, од Медицинскиот факултет во Скопје.
Пријавувањето за модулот се врши на следната е-маил адреса: msc@zdravstvo.gov.mk или на телефон 02/3112276.
Научните истражувања покажуваат дека 1 од 5 пациенти кои прележале ковид имаат перзистентни симптоми кои траат недели, месеци, дури и години после прележување на акутната болест. Вообичаено, симптомите почнуваат по 4 или повеќе недели по иницијалната инфекција и вклучуваат симптоми како замор, мускулни болки, сериозни респираторни, кардиолошки, невролошки симптоми, како и автоимуни состојби.
Во овие услови најдобар начин да се заштитиме е да преземеме превентивни мерки за намалување на шансите за инфекција, да ги следиме препораките за имунизација и да се информираме исклучиво од проверени научни извори.