ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА ЗДРАВСТВОТО ВО ЕК НА КОВИД ПАНДЕМИЈА ТЕМА НА СРЕДБАТА ФИЛИПЧЕ – БОМГАРТНЕР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, оствари средба со Н.Е Сирил Бoмгартнер, амбасадор на Република Франција.

На средбата се разговараше за предизвиците од коронавирусот, со кои здравствените системи се соочуваат насекаде во светот, беа разменети мислења за товарот што македонскиот здравствен систем го носи во борба со Ковид-19, кога дури и на здравствените системи во развиените земји им е тешко да се справат со вирусот.

Се дискутираше и за натамошна поддршка и соработка во здравствениот сектор во насока на зголемување на квалитетот на здравствени услуги на пацинтите.
Министерот за здравство се заблагодари за помошта која Франција и ја даде на нашата земја за време на кризата, односно донацијата во опрема за лична заштита на медицинскиот персонал од Ковид-19.

Сподели на:

Related Posts