ПРЕКУ КОВАКС МЕХАНИЗМОТ ПРИСТИГНАА 110.612 ВАКЦИНИ ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ФАЈЗЕР-БИОНТЕК

Пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот.
До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100 илјади вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.

Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, се дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.

Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски.
Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Сподели на:

Related Posts