Министерот за здравство, Венко Филипче денеска, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерката за образование и наука Рената Дескоска се обрати на денешната презентација на Студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз децата. Препораките од оваа студија се од круцијално значење за подобрување на мултисекторската соработка и зајакнување на капацитетите за одговор на семејно насилство. Насилството врз децата сите нè засега може да се спречи и има решение! Влада на Република Македонија ќе работи заеднички за да го спречи насилството врз најчуствителната категорија – децата!
/**
*/