ПРИ ПОДОЛГ ПРЕСТОЈ ВО ЗАТВОРЕНА ПРОСТОРИЈА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ, А ЛИЦАТА ОД РИЗИЧНИТЕ КАТЕГОРИИ МАСКА МИНИМУМ ФПП2 ИЛИ Н95 ИЛИ ФФП3

При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. 

Во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне. Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина, истакнуваат од министерството.

-Доколку граѓаните почувствуваат некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш да побараат помош од матичен лекар и задолжително да носат маска. 

– Во здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта. Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат лицата кои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите тие кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај лицата кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање.

На сила е се уште и обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.

Сподели на:

Related Posts