ПРОМОВИРАН НОВ АНГИОГРАФ НА ИНСТИТУТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 47.2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, кој е единствен во приватниот и државниот сектор кај нас и во соседните држави, промовиравме денес на Институтот за радиологија.

Апаратот е во вредност од 47.2 милиони денари, набавен со средства од Министерството за здравство, и може да се користи за изведување на сите радиолошки, невролошки, како и кардиолошки интервентни процедури.

Продолжуваме со инвестициите за зајакнување на медицинската опрема, која е е еден од столбовите на секој здравствен систем.

Сподели на:

Related Posts