Работна средба со директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи одржа денеска министерот Беким Сали. На средбата се разговараше за тековните активности за што поуспешно справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот и зајакнување на капацитетите на системот.
Благодарност за досегашната поддршка на СБ за реализација на проектите што се во тек, меѓу кои и реформата на примарната здравствена заштита, за развивање модел за системски промени, со цел зајакнување на ПЗЗ. Се договоривме за натамошно продлабочување на соработката и реализирање на активностите за унапредување на здравствениот систем