РЕГИСТРИРАНИ 10 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 155.593, ОЗДРАВЕНИ 18 – НЕМА ПОЧИНАТИ ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје, Куманово и Прилеп – по двајца, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по едно лице.
Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по едно лице. Не се регистрирани нови починати лица.

Направени се 3.529 тестови преку: ИЈЗ-100, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово–54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-9, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-3, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–26, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Авицена-277, Биотек-598, Систина-120, лабораторија Лаор-197, Синлаб-37, Ремедика-51, Плодност–80, Генеа–133, Никоб лаб-864, ВФВ Медикал-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 588 теста. Во земјата, досега, се направени вкупно 844.654 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413 лица.

Сподели на:

Related Posts