РЕГИСТРИРАНИ 105 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 152.685, ОЗДРАВЕНИ 403, ПОЧИНАТИ 45 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19 во: Скопје – 55, Битола – 15, Тетово – 9, Струмица – 6, Куманово и Кавадарци – по 3, Велес и Охрид – по 2, Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 403 оздравени пациенти од:Скопје – 162, Куманово – 42, Прилеп – 33, Битола – 30, Штип и Кочани – по 22, Тетово – 18, Велес – 17, Струмица – 12, Гостивар и Гевгелија – по 6, Радовиш – 4, Кичево, Пробиштип, Свети Николе, Валандово и Кратово – по 3, Ресен, Струга, Берово, Виница и Богданци – по 2, Кавадарци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29.03-10.04.2021.
Направени се 946 тестови преку: ИЈЗ-72, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември -5, Институт за микробиологија – 78, МАНУ – 44, Жан Митрев (Филип Втори) – 68, Авицена -147, Биотек – 109, Систина – 153, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 3, Ремедика – 0, Плодност – 33, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 191.
Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276

Сподели на:

Related Posts