Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.276 тестирања, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 94, Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 305 оздравени пациенти од: Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 36 починати лица: 11 од Скопје ( 63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г ), 5 лица од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г ), 3 лица од Куманово (68г, 79г и 84г) по 2 лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 33 се починати во болнички услови. Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 01-17.04.2021.
Направени се 2.276 тестови преку: ИЈЗ-262, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 9, Институт за микробиологија – 73, МАНУ – 64, Жан Митрев (Филип Втори) – 93, Авицена -132, Биотек – 595, Систина – 89, лабораторија Лаор – 467, Синлаб – 43, Ремедика – 28, Плодност – 44, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 343.
Досега во земјата се направени вкупно 723.722 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620 лица.