РЕГИСТРИРАНИ 25 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 154.051, ОЗДРАВЕНИ 408, ПОЧИНАТИ 16 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница – по 1.
Регистрирани се 408 оздравени пациенти од:Скопје – 160, Прилеп – 38, Струмица – 30, Битола – 28, Охрид – 25, Куманово – 15, Штип и Струга – по 13, Велес, Кавадарци и Кочани – по 9, Свети Николе – 8, Виница – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово, Гостивар и Дојран – по 4, Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 3, Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево –по 2, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (61г,65г,71г,74г,76г и 80г), 2 лица од Тетово (69г и 82г) и по 1 починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).
Од пријавените, 2 се починати во домашни услови, а останатите 14 лица се починати во болнички услови.
Направени се 1.016 тестови преку: ИЈЗ-146, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-42, Жан Митрев (Филип Втори)-223, Авицена-0, Биотек-123, Систина-166, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 220. Досега во земјата се направени вкупно 741.021 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.

Сподели на:

Related Posts