РЕГИСТРИРАНИ 284 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19, ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 112.930, ОЗДРАВЕНИ 449 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ 21 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи со КОВИД-19 во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по едно лице.

Регистрирани се 449 оздравени пациенти од: Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по едно.

Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 до 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 1.258 тестови преку: ИЈЗ-273, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-0, Биотек-185, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина-244, лабораторија Лаор–0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 321, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ „8 Септември“-0.

Во земјата, досега, се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457 лица.

Сподели на:

Related Posts