Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-300, Куманово-29, Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.
Институтот за јавно здравје регистрира 1689 оздравени пациенти од: Скопје-815, Куманово-6, Дебар-9, Штип-17, Прилеп-36, Тетово-121, Струга-25, Велес-58, Битола-48, Охрид-34, Кавадарци-27, Гостивар-60, Гевгелија-36, Струмица-152, Крива Паланка-11, Радовиш-17, Крушево -44, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-6, Пехчево-3, Берово-8, Валандово-4, Виница-9, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-34, Ресен-20 и Неготино-33.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), двајца пациенти од Охрид (58 и 69г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85328, бројката на оздравени пациенти е 65793, на починати е 2571, а бројот на активни случаи изнесува 16964. Од вчерашната статистика се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 36923, активни 10322• Куманово 4836, активни 497• Дебар 661, активни 123• Штип 3346, активни 201• Прилеп 4314, активни 420• Тетово 4820, активни 706• Струга 2069, активни 242• Велес 2827, активни 402• Битола 3096, активни 453• Охрид 2514, активни 446• Кавадарци 2222, активни 502• Гостивар 3428, активни 456• Гевгелија 1202, активни 235 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2360, активни 449• Крива Паланка 649, активни 108• Радовиш 633, активни 74• Крушево 168, активни 30• Кочани 1633, активни 181• Пробиштип 457, активни 36• Демир Хисар 239, активни 34• Македонски Брод 223, активни 14• Пехчево 159, активни 25• Берово 531, активни 66• Валандово 317, активни 44• Виница 457, активни 58• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 195, активни 10• Свети Николе 1048, активни 71• Кичево 1597, активни 182• Ресен 664, активни 123• Неготино 1063, активни 253 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 2452 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-236, Биотек-194, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -171, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-52, Инфективна клиника-13, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -757, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 409.991 тестирања на Ковид -19.*При проверка на системот нотирани се до сега неевидентирани постари оздравени случаи, кои се збирно прикажани во денешната статистика.