РЕГИСТРИРАНИ 868 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 111.077, ОЗДРАВЕНИ 355 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ 15 ЛИЦA

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по едно лице.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица – по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани – по 8, Берово – 5, Штип и Крушево – по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци – по 2, Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по едно лице.

Пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се пет пациенти од Скопје (86г, 81г, 72г, 71г, 64г), по двајца пациенти од Тетово (72г, 59г) и од Охрид (78г,57г), и по еден пациент од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74).

Сите пациенти се починати во болнички услови. Направени се 3.654 тестови преку: ИЈЗ-707, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-352, Биотек-362, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-311, лабораторија Лаор–259, МАНУ-0, Судска медицина-52, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, ГАК-0, Синлаб-77, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.123, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Во земјата, досега, се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872 лица.

Сподели на:

Related Posts