РЕГИСТРИРАНИ 947 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 110.209 ОЗДРАВЕНИ 397, ПОЧИНАТИ 21 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 21 починати лица. Починати се шест пациенти од Скопје (91г, 90г, 87г, 66г, 68г, 78г), тројца пациенти од Берово (59г, 51г, 70г), по двајца пациенти од Куманово (72г, 71г), Велес (82г, 56г), Неготино (79г, 79г), Гевгелија (83г, 59г) и по еден пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.

Направени се 3.450 тестови преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-381, Биотек-324, Жан Митрев (Филип Втори)-188, Систина-261, лабораторија Лаор–191, МАНУ-0, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1092, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Во земјата, досега, се направени вкупно 555.367 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374 лица.

Сподели на:

Related Posts