РЕГИСТРИРАНИ 913 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 109.262, ОЗДРАВЕНИ 351 ПАЦИЕНТ, ПОЧИНАТИ 16 ЛИЦA

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 440, Прилеп – 64, Кавадарци – 50, Куманово – 45, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Неготино – 31, Гостивар – 29, Охрид – 26, Велес и Битола – по 24, Струмица – 21, Крушево – 11, Кочани и Крива Паланка – по 10, Ресен – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Кичево и Демир Капија – по 5, Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 4, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 1 лице.

Регистрирани се 351 оздравен пациент од: Скопје – 173, Охрид – 37, Прилеп – 28, Кавадарци – 16, Велес и Струмица – по 12, Куманово – 11, Неготино – 9, Тетово и Гевгелија – по 8, Струга – 7, Кочани – 5, Штип и Битола – по 4, Крива Паланка и Берово – по 3, Виница, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се по 7 пациенти од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г), 6 пациенти од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г) и по еден пациент од Гостивар (87г), Гевгелија (71г) и Крушево (40г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.707 тестови преку: ИЈЗ-785, ЦЈЗ Скопје-96, Авицена-357, Биотек-361, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина-309, лабораторија Лаор–270, МАНУ-0, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-88, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.134, УК Пулмологија со алергологија–10, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Во земјата, досега, се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845 лица.

Сподели на:

Related Posts