РЕГИСТРИРАНИ 1.163 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 138.891, ОЗДРАВЕНИ 854, ПОЧИНАТИ 35 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по – 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш – по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница – 10, Крива Паланка и Берово – по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по едно лице.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти од: Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2, Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по – едно лице.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: седум од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), три лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по двајца починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по еден починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г). Педесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Направени се 3.927 тестови преку: ИЈЗ-642, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-117, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-188, Авицена-288, Биотек-237, Систина-311, лабораторија Лаор-271, Синлаб – 68, Ремедика-45, Плодност – 93, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.318 теста. Во земјата, досега, се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164 лица.

Сподели на:

Related Posts