РЕГИСТРИРАНИ 28 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 155.469, ОЗДРАВЕНИ 23, ПОЧИНАТИ 5 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1.
Регистрирани се 23 оздравени пациент од:Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица:  3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Направени се 2.619 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово–49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија 12, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–43, МАНУ-72, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-221, Биотек-314, Систина-131, лабораторија Лаор-300, Синлаб-35, Ремедика-41, Плодност–63, Генеа–18, Никоб лаб-222, ВФВ Медикал-39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 537.
Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451 лице.

Сподели на:

Related Posts