РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА „СВ. ЕРАЗМО“ ОХРИД

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, каде на 21.01.2019 година се почнати градежни активности за реконструкција и дозавршување на делот на оперативниот блок и интензивната нега.

Градежните активности течат според планираната динамика и без застој, во моментот 80% од реконструкцијата е завршена. Рокот за завршување на објектот е септември 2019 година.

Со реконструкцијата, ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид ќе добие современ регионален центар од областа на ортопедија и трауматологија и ќе се отворат пет нови оперативни сали, со амбулантско-болнички и стационарен дел, по сите европски стандарди, со овозможување поквалитетни здравствени услуги на пациентите, здравствените работници и воведување нови методи во лекувањето на пациентите од областа на ортопедија и трауматологија. Исто така, се очекува драстично намалување на постојните листи на чекање, современ и брз третман на итните ортопедско-трауматолошки и неврохируршки случаи.

И покрај процесот на реконструкција, во болницата се извршуваат сите предвидени активности, согласно планот за вид и обем на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна здравствена заштита и болничката здравствена заштита.

Во 2018 година, во болницата се реализираа нови вработувања на повеќе здравствени работници, меѓу кои по еден доктор на медицина и доктор специјалист ортопед, како и тројца рендген технолози, двајца физиотерапевти и 30 медицински сестри. Во болницата моментално има 272 вработени.

Сподели на:

Related Posts