После 60 години, реновирани се салите каде се изведуваат најсложените оперативни интервенции од областа на торакално-васкуларната хирургија. Сега може да се даваат здравствени услуги на пациентите како во најразвиените европски болнички центри. За реконструкција се потрошени 60 милиони денари, ѕидовите, подовите, протокот на воздух се направени по принцип на европски стандарди.
Опремата која се наоѓа во салите нуди нашите пациенти да добијат услуги од секаков вид, а сите интервенции од сферата на торакалната и васкуларната хирургија нема потреба да се праќаат на лекување во странство. Ова значи сериозно зајакнување на еден многу осетлив дел во здравствениот систем, бидејќи не постои експертиза во сферата на торакалната хирургија пред се на ниту едно друго место во јавното здравство во нашата земја, освен на Клиниката за торакална хирургија.