РЕВАКЦИНИРАНИ 43,5% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 се аплицирани како прва доза, 3.064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Сподели на:

Related Posts