Република Северена Македонија ќе добие 800 000 вакцини против КОВИД-19 од производителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година.
Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против КОВИД-19.
Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголемо количество во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.
Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против КОВИД-19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура, каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, тие во нашата земја ќе пристигнат месецов. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.