Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството, согласно Двогодишниот договор за соработка во областа на примарната здравствена заштита, менталното здравје, незаразните болести, перинаталната грижа,имунизацијата, дигитализација во здравствениот систем, како и за активностите кои ќе се спроведуваат во претстојниот период, меѓу кои и иницијативата за зајакнување на капацитетите на Министерството за здравство.
Воедно,Заменик министерката Манолева изрази посебна благодарност на СЗО за целокупната поддршка на СЗО во спроведувањето на реформите во здравството и ја изрази својата подготвеност за понатамошна успешна соработка.