ВАКЦИНИТЕ МРП СЕ СО ВАЛИДЕН РОК НА ТРАЕЊЕ

Министерството за здравство информира дека МРП вакцините со кои се вакцинираат децата не се со истечен рок на трање.

МРП вакцините Priorix со кои се вакцинираат децата во Скопје и во другите градови од земјава се набавени со тендерот распишан 21.10.2016 година, со склучени договори на 21.03.2017 година.

Вакцините кои се во употреба се Priorix, се со сериски број АМЈРД512АА  со рок на траење 07.2019 година и сериски број A69CE583A со рок на траење 05.2019 година.

Во тек е континуирана набавка на вакцини, за имунизација на населението во Република Македонија за период од јули 2018 до јуни 2020 година со повеќегодишна јавна набавка, кое Министерството за здравство ја реализира секои две години, а техничкиот дијалог за оваа набавка е објавен на 27.10.2018.

 

 

Сподели на:

Related Posts