ВЧЕРА АПЛИЦИРАНИ 12.099 ВАКЦИНИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани 697.847 граѓани.   

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.  

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и од смртен исход.  

Сподели на:

Related Posts