ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА РЕАЛИЗИРАНИ 134 ВРАБОТУВАЊА И СЕ РЕКОНСТРУИРА ДНЕВНАТА БОЛНИЦА ВО СЛУЖБАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола, каде одржа работна средба со директорот д-р Зоран Лазаров и заеднички со вработените беше направена обиколка низ одделенијата во установата.

„Во Клиничката болница во Битола реализирани се 134 вработувања, а на 13 ангажирани со договор на дело следува постапка на трансформација на нивниот работен однос. Ги зголемивме платите на здравствените работници, за тие да бидат мотивирани во својата работа, да останат и да работат во нашата држава. За четиригодишниот период одобрени се вкупно 931 специјализација. Покрај грижата за здравствените работници, во оваа болница подобрени се и условите за престој во болница. Во тек е ставање во функција на акцелераторот за терапија на малигни заболувања“, истакна министерот Филипче.

Изготвен е проект за темелна реконструкција на амбулантно-поликлиничкиот дел во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

„Реновирани се болничките соби и амбулантскиот простор во Служната за дерматовенерологија, како реновираната лекарска соба, преадаптирана и реновирана втора амбуланта во Службата за неврологија за ЕМГ и ЕЕГ дијагностика. Ставена е во употреба и болничка соба за хоспитализирани пациенти со рани (Varices crusis). Во тек е темелна реконструкција на санитарниот чвор, бањата и дневната болница во Службата за педијатрија“, потенцираше директорот Лазаров.

Клиничката болница во Битола ги зајакна капацитетите со нова медицинска опрема преку сопствени средства и донации. Набавен е современ апарат за електрокоагулација, апарат за механичка вентилација и апарат за континуирана, торокална дренажа.

Исто така, обновен е сетот за ендоскопска биопсија и реализирани се две донации од Кралството Шведска за подобрување на условите, употребувани, стандарди болнички кревети, два монитори за стандарден хемодинамиски мониторинг, еден канпометар и оксилог, ортопедски помагала, медицински униформи, пнеуматски борери за ортопедија и травматологија.

За првпат, магнетната резонанца во Клиничката болница работи секој работен ден до полноќ и до 18 часот за викенд. Со ова, намалено е времето за чекање, а на пациентите им е овозможена подобра здравствена услуга, тогаш кога им е најпотребна.

Сподели на:

Related Posts