ВО ТЕКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА – 446 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека минатата година беа реализирани 446 нови вработувања во јавноздравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година – 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

-Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои тие работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега, истакнува министерот Филипче.

Во изминатите три години, повеќе од 5.000 согласности се дадени за вработување во јавноздравствените установи и првпат се платени приватните специјализанти во висина од просечна плата на општ лекар со што тие се изедначуваат со статусот на нивните колеги.

Во септември 2018 година, за 5 отсто им се зголеми основицата за плата на 19.123 вработени во јавноздравствените установи. Во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари – 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на клиниките и 10% за докторите специјалисти.
Во септември 2019 година, за 5% е зголемена платата на администрацијата во здравството. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во февруари, 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри меѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15 отсто.

Сподели на:

Related Posts