На Клиниката за кардиологија во Скопје, лекарите почнаа со импементација на зафатот т.н Trans-catheter Aortic valve Implantation – TAVI, што значи операција на поставување на вештачки аортни залистоци на местото на оштетените природни аортни залистоци, кај пациенти со тешка аортна стеноза.
Директорот на Клиника за кардиологија, Др Жан Зимбаков објаснува досегашната класничната процедура за хируршкиот зафат на аортните залистоци, се изведувала во целосна анестезија, со вклучување на апарат за дишење, отворање на градниот кош и отворање на аортата.
По класичната операција пациентот повеќе денови престојуваал во болница, а потоа пациентите имаат ограничени движења додека трае процесот на зараснување на раната, и тоа најмалку еден месец.
ТАВИ процедурата се изведува кај високо ризични пациенти, годишно се работат многу малку и е успех кога се коплетно успешни кај ризичните пациенти. Кај нас се работат, а во регионот Хрватска и Србја скоро и да не се работат.
Д-р Оливер Бушљетиќ, дел од интервентниот тим за “TAVI”, информира дека процедурите се изведоа успешно кај сите пациенти, тие се веќе се дома, целосно активни. Лекарите од кардиологија велатр дека ехото на срце после процедурата покажало одлична функција на “новите залистоци , со целосно намалување на срцевото оптоварување кое е главен проблем кај ова заболување и причина за постојано гушење, неможност и за најмала физичка активност, се до губиток на свест.