ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ ЛИЦА ОД ЗЕМЈАВА НЕМА ЗАБРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ И КАРАНТИН ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ

Вакцинираните лица од земјава можат да патуваат каде сакаат, приложувајќи ги ковид пасошите и сертификатите, информира министерот за здравство венко Филипче.

Министерот посочи дека само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.

-Во тој поглед сме подготвени, посебно со сертификатите. Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени, посочи министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts