Заменик министерката, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на промоцијата на Форумот на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција.
Форумот се формира на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC, а целта е да се создаде регионална мрежа на жени лидери кои се стремат да го зајакнат лидерството на жените во општеството, преку професионален развој и меѓународно вмрежување за размена на најдобри практики, искуства и взаемна поддршка заради градење подобри општества за сите.