ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА Д-Р КУЉАН

Заменик министерката за здравство, асс. д-р Маја Манолева оствари средба со поранешната државна секретарка на Министерството за здравство, прим. д-р Ратка Куљан–Зографска.

Средбата е поттикната од фактот дека и двете се жени од фелата, а воедно се и први жени на овие две раководни функции во Министерството за здравство.

На средбата се разменија ставови и размислувања околу можностите за надградување на здравствениот систем, на којшто свои почетоци во реформирањето ги има започнато токму д-р Куљан–Зографска на функцијата државен секретар.

Сподели на:

Related Posts