Завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница). Реновирањето се одвива во неколку етапи. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ја посети болницата и оствари средба со директорот на болницата д-р Иван Спировски.
Третиот кат е целосно реновиран, каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија.
Во моментов, се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат сместено е одделението за урологија, додека пак на вториот кат сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт, за да се одвива непречено работата во болницата.
Во рамки на посетата, министерот Филипче се сретна и со здравствените работници, каде разговараа за состојбата, условите за работа и се информираа за новините кои ги спроведува Министерството за здравство.