ЗДРАВСТВЕН ДОМ ОХРИД СО НОВО СОВРЕМЕНО ВОЗИЛО ЗА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Здравствен дом Охрид набави ново современо амбулантното возило за Итната медицинска помош со комплетна медицинска опрема. Вкупната вредност на возилото изнесува 4.6 милиони денари. 

-Работиме на унапредување на примарната здравствена заштита, со подобрување и обновување на медицинската опрема и возниот парк на Итната медицинска помош. Со ова возило ќе ја подигнеме ефикасноста на ПЗЗ, особено во летниот период кога во нашиот град има зголемен број туристи, истакна директорката на Здравствен дом Охрид, Ајсел Зејноска.

Во Здравствениот дом, покрај возилото за ИМП е набавено уште едно патничко возило за патронажната служба, работни униформи, обувки, како и два ЕКГ апарати (12-канални), стоматолошки стол, стерилизатор, апарати за крвен притисок и поголем број стетоскопи, што придонесува кон натамошно унапредување на условите за работа во ЗД Охрид. Исто така, во изминатиот период се реализирани 16 вработувања во оваа установа, од кои осум се на неопределено време, додека на останатите осум, во периодот што следува ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време.

Сподели на:

Related Posts