Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи.
Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега и нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.
Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети.
Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.
Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со дополнително присуство на екипи од Итната медицинска помош.