Мој Термин – Општи информации

Мој Термин
 Интегриран национален систем за електронско закажување и евидентирање
на медицински интервенции

Министерството за здравство заедно со своите клучни партнери, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Институтот за јавно здравје, а во непосредна соработка со здравствените установи и институциите од сите сегменти на здравствената заштита, интензивно работи на процесот на информатизација на здравството.

Пред сите е поставена висока цел – да се воспостават автоматизирани процеси на работа во ординациите од сите нивоа на здравствена заштита, здравствената администрација и аптеките.

Цели:

  • Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените установи
  • Унифицирани и веродостојни бази на податоци
  • Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите
  • Градење на електронски здравствен картон (досие)
  • Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата
  • Формирање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори
  • Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување  на прегледи и други услуги
  • Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции
  • Брза комуникација и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита,
  • Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки
  • Финансиска заштеда преку преоѓање на електронско работење со електронски документи кои ќе ги заменат досегашните хартиени упати и рецепти
  • Точни и навремени податоци за сите сегменти кои ги  опфаќа здравствениот систем
  • Можност преку Интернет граѓаните да пристапат на сигурен начин до сопствените податоци и корисни информации.

Во насока на исполнување на овие цели во тек е изградба и имплементација на повеќе софтверски решенија и системи:

  • Национален систем за електронско закажување на интервенции и прегледи  – Мој Термин
  • Воведување на Електронски упат (Е-упат) со уникатен број на упат поврзан со Фондот за здравствено осигурување
  • Воведување на Електронски рецепт (Е-рецепт)
  • Електронски медицински дневник за евидентирање на медицински интервенции извршени над пациентот
  • Електронски здравствен картон (досие) за пациентите
  • Електронски индивидуални здравстевни обрасци и извештаи (35)
  • Balance Score Card – систем
  • Систем за пресметка на плата – Плаќање по учинок
  • Регистар на лекови и виртуелен магацин
  • Регистар на здравствени установи
  • Електронска здравствена картичка (ЕЗК)
Share This Article :

Related Posts

Процедури за МОЈ ТЕРМИН

септември 3, 2013