РЕГИСТРИРАНИ СЕ 46 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 154.982 ОЗДРАВЕНИ СЕ 89 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 15 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.
Регистрирани се 89 оздравени пациенти од:Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).Од пријавените, 4 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.
Направени се 3.487 тестови преку: ИЈЗ-356, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово – 16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-10, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–95, МАНУ-58, Жан Митрев (Филип Втори)-399, Авицена – 721, Биотек-584, Систина-218, лабораторија Лаор-323, Синлаб-51, Ремедика-51, Плодност–50, Генеа–32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 349.

Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

Сподели на:

Related Posts