Светскиот ден на здравјето е одлична можност да потсетиме на приоритетите на Министерството за здравство. Унапредувањето на менталното здравје е високо на нашата агенда заедно со вакцинацијата и справувањето со новороденечката смртност.
Не смееме да дозволиме менталното здравје, односно заболувањата да останат табу тема во нашето општество – потенцираше министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кој заедно со државниот секретар, д-р Владимир Милошев ја посетија Универзитетската клиника за психијатрија по повод Светскиот ден на здравјето 7 април.
Посетата е по повод реновирање на клиниката за психијатрија и воведување нови услуги и третмани, во договор со МЗ и ФЗОМ, а во тек е и набавка на опрема за нови дијагностички процедури. смртност.