Министерот за здравство, Вено Филипче, заедно со државниот секретар, Владимир Милошев викендов беа во посета на Клиничка болница Штип, каде беше одржана работна средба со раководството и заденички беше направена обиколка на неколку одделенија и на заеднички состанок се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат и секојдневните проблеми, како и за приоритетите и новитетите кои се од интерес за пациентите во Клиничка болница Штип.
-Направивме увид и на градежните работи за изградба на новата Клиничка болница, која очекуваме да биде завршена до крајот на следната година. Интензивно се работи на делот каде ќе биде сместен акцелераторот и очекуваме да биде спремен и порано од останатиот дел од болницата која е во изградба, посочи министерот Филипче.
-За време на посетата бевме во ново-опременета и функционална коронарна единица во која се сместени 10 нови пациент-монитори. Клиничка болница Штип во последниот период со сопствени средства набави нови три лапароскопски апарати, нов апарат за ендоскопија и машини за перење и сушење во пералната.
Клиничка болница Штип станува регионален центар, која нуди нови и современи услуги на своите пациенти.
Трендот на вработување ќе продолжи со 100 нови вработувања во следниот период во болницата во Штип. Младиот медицински персонал ќе го задржиме во земјава со имплементација на мерките за едукација, размена на искуства и знаења со експерти од еминентни центри, зголемување на платите и зголемување на надоместоците за дежурства, дополнителна работа и ноќен труд. Истовремено, работиме на подобрување на инфраструктурата и условите во кои работи медицинскиот персонал.