ФИЛИПЧЕ: ПО 50 ГОДИНИ ИЗГРАДЕН ПОСЕБЕН ВЛЕЗ ЗА ВОЗИЛАТА НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР И ТРОЈНО ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПАРКИРАЊЕ
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, денеска, направија обиколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот, каде, со поддршка на Владата на Република Северна Македонија е извршена реконструкција на јавните површини со цел непречено укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на заболени пациенти […]