Министерството за здравство, информира дека 2 јануари, 2019 година ќе биде работен ден за вработените во јавните здравствени установи во Република Македонија, со цел граѓаните да добијат навремена здравствена заштита и помош.
Граѓаните, кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции – нема да бидат одложени и ќе бидат извршени согласно закажаните термини.