Воведувањето на мобилна здравствена услуга во општина Ресен обезбедува основни медицински прегледи и советувања, како и физикална терапија за рехабилитација на лицата кои имаат потреба од нега во одмашни услови.
На терен работат два тима професионалци, вклучувајќи социјален работник и физиотерапевт, кои работат заедно со медицински сестри и други негуватели. Тие им даваат примарна грижа и третман дома на лицата кои имаат потреба, вклучително и редовни посети во подалечните села Стење и Љубојно.
Кочани е првата општина која почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, како дел од програмата на УНДП, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и општина Кочани.
Светската здравствена организација (СЗО) овие интегрирани услуги за домашна нега на Министерството за здравство ги оцени како одлична мерка за унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.