РЕГИСТРИРАНИ 180 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 97.052, ОЗДРАВЕНИ 206 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 13 ЛИЦA

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1 случај.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Куманово – 14, Тетово – 8, Велес – 7, Гостивар – 5, Кичево – 4, Струмица, Штип и Битола – по 3, Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија – по 2, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш – по 1 оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се шест пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), тројца од Гостивар (81г, 63г и 59г), двајца од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Направени се 1.814 тест преку: ИЈЗ-390, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-218, Биотек-228, Жан Митрев (Филип Втори)-129, Систина-203, лабораторија Лаор–250, МАНУ-71, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-28, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 187, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0. Во земјата, досега, се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411 лица.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42389, активни 2893Куманово 5363, активни 236Тетово 5271, активни 225Прилеп 4833, активни 312Гостивар 3703, активни 121Штип 3565, активни 79Битола 3317, активни 134Велес 3288, активни 244Охрид 3041, активни 398Кавадарци 2947, активни 431Струмица 2624, активни 155Струга 2319, активни 172Кочани 1771, активни 51Кичево 1748, активни 71Свети Николе 1099, активни 27Гевгелија 1074, активни 103Неготино 1041, активни 88Дебар 777, активни 45Ресен 777, активни 67Крива Паланка 759, активни 43Радовиш 739, активни 47Делчево 698, активни 211Берово 624, активни 37Пробиштип 521, активни 20Виница 504, активни 23Валандово 338, активни 14Демир Хисар 256, активни 11Македонски Брод 250, активни 11Кратово 252, активни 26Богданци 233, активни 11Крушево 234, активни 43Демир Капија 227, активни 40Македонска Каменица 192, активни 4Пехчево 183, активни 4Дојран 95, активни 14 лица.

Сподели на:

Related Posts