ДОСЕГА 4000 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРИЈАВЕНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, ПОЧНУВАМЕ ВО СРЕДА СО МЕДИЦИНСКИОТ ТИМ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Течат подготовките во Модуларната болница каде во среда апочнува вакцинацијата на здравствените работници. Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против КОВИД-19. Од нив, околу 2000 здравствени работници се во градот Скопје, а останатите се во другите градови.

Македонскиот здравствен систем е целосно подготврн за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди.

Вакцините се развиени на безбедни платформи и со истите ќе го спречиме ширењето на КОВИД-19 вирусот.

Сподели на:

Related Posts