УСПЕШНО ИЗВРШЕНА РЕПЛАНТАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица . Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на хирурзи  и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна  хирургија:Доц.д-р  Софија Пејкова, Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева,  Од  Универзитетската  клиника за кардиохиругија: Д-р Мишел Андов, Од Универзитетската клиника за трауматологија  Д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската  клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување Д-р Јасна Бушиноска. Исто така, тимот беше во постојана комуникација со Проф. Д-р Оскар Азман,  пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет од Скопје.Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните  хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка .Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Кл. За пластична хириргија  во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција  бидејки кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда).Пациентот го примивме со ампутирана десна рака  а денес го испраќаме среќен и задоволен дома со две раце. Чуството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето. Тимската работа и  посветеноста на персоналот  секогаш дава успешни резултати. Оваа соработка ќе ја продолжиме и понатаму.

Сподели на:

Related Posts