На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица . Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на хирурзи и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија:Доц.д-р Софија Пејкова, Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: Д-р Мишел Андов, Од Универзитетската клиника за трауматологија Д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување Д-р Јасна Бушиноска. Исто така, тимот беше во постојана комуникација со Проф. Д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет од Скопје.Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка .Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Кл. За пластична хириргија во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција бидејки кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда).Пациентот го примивме со ампутирана десна рака а денес го испраќаме среќен и задоволен дома со две раце. Чуството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето. Тимската работа и посветеноста на персоналот секогаш дава успешни резултати. Оваа соработка ќе ја продолжиме и понатаму.
Related Posts
ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
октомври 10, 2024
ТАРАВАРИ СО ОТЧЕТ ЗА ПРВИТЕ 100 ДЕНА
октомври 4, 2024
НОВ АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ИДАДИЈА ВО СКОПЈЕ
октомври 3, 2024