„Интердисциплинарна стоматологија–нови иновативни идеи“ е тема на 13-тиот конгрес на нови технологии К-4, кој го отвори министерот за здравство д-р Беким Сали. Овој едукативен настан го организира Стоматолошката комора, со партнерските комори од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, а под покровителство на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.
![](http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2022/11/Stomatologija-kongres1-1024x684.jpg)
Одлична можност за размена на идеи и меѓународни искуства, имајќи предвид дека учествуваат реномирани предавачи од коморите од К-4 групата, како и од Косово, Република Српска, Србија и други земји, од кој очекувам да произлезат бројни научни заклучоци и препораки во областа на интердисциплинарната стоматологија, кои ќе бидат од суштинско значење за унапредување на оваа област, кажа Сали на отворањето на конгресот.