Уште еден чекор напред во унапредувањето на специјалистичките области што се прават меѓу Државниот универзитет Тетово и Клиничката болница Тетово – денес е доделено ново овластување за менторирање и едукација и во областа хируршка урологија. Со ова, за релативно краток период обезбедивме овластувања за вкупно 8 области, како што се: гинекологија, педијатрија, психијатрија, кардиологија, општа хирургија, интерна медицина, семејна медицина и урологија.
Во таа насока, веќе ја изготвивме измената на Програмата за специјализации и супспецијализации, што значи дека на следниот оглас за специјализации ќе бидат опфатени и сите овие области на Државниот универзитет Тетово.
/**
*/