МЕЏИТИ: ОТВОРИВМЕ РОСА ШКОЛО ЗА ДОЕЊЕ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА СО ПОДДРШКА ОД ПИВАРА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Клиничката болница Тетово по повод отворање нова „Роса школа за доење“ со поддршка од Пивара Скопје.

-Отворивме ново Роса школо за доење во тетовската болница! Се грижиме младите мајки и идни родители да ја добијат потребната стручна помош од медицинските лица, како и едукација за важноста и придобивките од доењето. Упатувам благодарност до Пивара за поддршката и одличната соработка овие изминати години.

Потпишавме и заеднички Меморандум за соработка за опремување на уште две нови школи за доење низ државата. Доењето е најважно за развој на новороденчето, го чува здравјето и претставува симбиоза помеѓу мајката и бебето.

Сподели на:

Related Posts